Во Москва ќе се одржи средба на министрите за одбрана на Турција, Русија, Сирија и Иран

Во Москва утре ќе се одржи состанок на министрите за одбрана и шефовите на разузнавачките служби на Турција, Русија, Сирија и Иран, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар, јавува Андолија.

Акар потсети дека турските, руските и сириските министри за одбрана и шефовите на разузнавачките служби се сретнаа во Москва на 28 декември минатата година и одлучија да продолжат со состаноците.

– Подоцна беа разменети мислења за учеството на Иран на овие состаноци. Ова го одобрија надлежните институции. Овојпат како квартет се подготвуваме за средба на која ќе присуствуваат министрите за одбрана и шефовите на разузнавачките служби, рече Акар. – Овој состанок е закажан за 25 април во Москва. Нашата цел е да ги решиме проблемите преку преговори и да овозможиме мир во регионот што е можно поскоро, истакна турскиот министер.

Акар посочи дека по средбите се очекуваат неколку позитивни чекори.

Тој додаде дека Анкара е решена да се бори против тероризмот и има за цел да обезбеди Сиријците кои се во Турција да се вратат дома доброволно, безбедно и достоинствено.

„Ние сме заедно со нашите браќа и сестри од Сирија, без разлика дали се во Турција или Сирија. Не доаѓа предвид да донесеме каква било одлука што ќе ги доведе во неволја“, нагласи Акар.

Треба да знаете
Последни објави