(Видео) Неапол почна да го слави „скудетото“

Наполи е пред промоција во нов фудбалски шампион на Италија. Иако тоа теоретски сеуште не е потврдено, Наполи по триумфот над Јувентус во Торино (0:1) почна со своите навивачи да го слави третото „скудето“ во својата клупска историја. Наполи може да го потврди освојувањето на титулата следниов викенд ако ја победи Салернитана, а Лацио не ги освои трите бода од пресметката со Интер.

Еуфоричната атмосфера ја најавија повеќе од 10.000 навивачи на Наполи кои ги пречекаа играчите по враќањето од Торино. Во таа победа над „старта дама“ со аситенција учествуваше македонскиот репрезентатиувец Елиф Елмас кој му намести ситуација за победнички гол на Распадори во 93. минута. Авионот со играчите на Наполи во Неапол слета некаде во 3 часот по полноќ, но тоа не беше проблем навивачите да останат на улиците и да го прослават овој голем триумф заеднички.

Треба да знаете
Последни објави