Search

Србија лидер, Македонија второрангирана според златните резерви на Западен Балкан

Србија со 38,5 тони злато е лидер на Западниот Блкан според златните резерви кои ги има на располагање. Црна Гора по осамостојувањето не купила ниту грам од овој племенит метал.

На второто место на Западен Балкан е Македонија со 6,8 тони златни резерви, покажуваат податоците на Светскиот одбор за злато. Следуваат Словенија са 3,7 тони, Албанија со нешто повеќе од три тона, БиХ од 2,7 и Хрватска со два тона.

Црна Гора ја немаа на таа листа, но Министерството за финансии на земјата соопштува дека резервите на злато им се 1,2 тони, колку што добиле по распаѓањето на Југославија, пренесува Спутник.

Најмногу резерви на злато во светот имаат САД од 8.133 тони. Втора на листата е Германија со 3.355 тони, а на третата и четвртата позиција се Италија и Франција со помалку од 2.500 тона. Петта е Русија со 2.298 тони, а шеста Кина со 2.010 тони.

Интересно е тоа што некои богати земји како што се Канада и Норвешка воопшто немаат злато во своите девизни резерви.

Треба да знаете
Последни објави