Search

МТС со остра реакција кон Телма за невистини и манипулација на јавноста

Министерството за транспорт и врски остро реагира на информациите објавени од страна на телевизија Телма кои се однесуваат на изградба на Коридорите 8 и 10 д. 

Во објавата на нивната веб страна во која стои дека “Министерот Бочварски потврдил дека почнал да тече рокот за плаќање на пенали кон Изведувачот”, најодговорно тврдиме дека се груби невистини и чиста манипулација на јавноста. 

Потврдуваме дека министерот Бочварски во својата изјава на која присуствуваа и други национални медиуми, токму на прашање на новинар на телевизија Телма, изјави: 

“ Во однос на почетокот на градбата ние веќеинформиравме дека 22 април е старт каде штоизведувачот започнува со изработка на проекти, наурбанистички на основни проекти, со цел да започне и постапка на експропријација на земјиштито кое што е приватно. Да изврши снимање на теренот, состојбите, постоечката состојба на трасата. Да се види каде имаподземни, надземни инсталации кои можеби ќе треба дабидат дислоцирани во текот на самата градба. Да сеутврди постапката на геотехнички, геомеханичкиистражувања бидејќи без такви квалитетни анализи коишто претходат на почетокот на градбата, верувајте ќеимаме големи проблеми и одлагања на понатамошниоттек на градбата и тоа ќе има негативни влијанија врзцелиот проект. 

Заради тоа чекор по чекор сите постапки ќе сереализираат со цел да се изградат коридорите навремено, брзо и ефикасно бидејќи граѓаните повеќе време загубење немаат. Јас верувам и Вие треба да ги прашатеграѓаните на Прилеп и на Битола на Тетово, ГостиварКичево, Струга и Охрид во каква инфраструктура сакаатда патуваат и дали таа треба да ја очекуваат во наредните15 -20 години или тоа треба да го направиме час поскоро. 

Што се однесува до исплатата на средствата, досега не сеисплатени средства кон компанијата. Првата исплата насредства би била авансот за отпочнување на градежнитеработи и секој исплатен денар кој ќе биде од страна наВладата и државата кон ЈПДП а потоа и кон изведувачот и ќе биде објавен на сајтот на јавни финансии. 

За прашањето за пеналите го апсолвиравме и одговоривме, а ви кажав дека немаме исплатено ниту средства за авансот се уште. Така што, во однос на ова прашање ви дадов одговор” , изјави министерот Бочварски. 

Апелираме, во интерес на јавноста и етичноста на новинарската професија,  да се почитува начелото на професионално информирање на јавноста се со цел таа да биде навремено и доследно информирана.  

Треба да знаете
Последни објави