Search

Скандал: Роналдо ги навреди Саудијците, му се подготвува депортација

Еден вулгарен гест, кој не го направи за прв пат во кариерата, но никогаш не доби толку големо медиумско внимание како сега, може да го чини Кристијано Роналдо ангажман во Саудиска Арабија.

Фаќањето по гениталиите по расправија со навивачите, кои му скандираа „Меси, Меси“ на мечот против Хилал, длабоко ги навреди Саудијците.

Многумина од нив се огласија на социјалните мрежи во средата и се придружија на повиците за депортација на 38-годишниот Португалец. Работата отиде дотаму што адвокатката Нуф бинт Ахмед на Твитер објави дека ќе поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство на Саудиска Арабија.

Во него, најави таа, ќе го пријави Роналдо за кривично дело против јавната непристојност, што во случајот со странски државјани се казнува со апсење и депортација.

“Не следам спорт. Дури и гледачите да го испровоцираа Роналдо, тој не реагираше добро. Неговото однесување е кривично дело. Ќе поднесеме пријава до обвинителството”, најави Бинт Ахмед.

Во одбрана на играчот излезе телевизискиот коментатор Мохамед ал Анзи, кој тврди дека го грабнал по гениталиите затоа што „добил гаден удар за време на натпреварот“, но се чини дека јавноста не баш поверувала во таа верзија на приказната.

Новинарот Озман Абу Бакр го нарече неговиот потег „неморален и непристоен гест“ и рече дека Фудбалскиот сојуз на Саудиска Арабија треба веднаш да го раскине договорот.

Треба да знаете
Последни објави