Search

Пациенти во психијатриската болница Бардовци се расправале па се истепале: едниот е избоден со нож

Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци, се степале, по што едниот употребил и нож. Неофицијално, инцидентот се случил во т.н. затворски дел на установата. Од МВР го потврдуваат инцидентот и работат на негово расчистување.

Од полиција велат дека пациентот што употребил нож е 37-годишник од Велес. Избодениот е 33 години од Неготино. Двајцата се лекувале во психијатриската болница.

Избодениот пациент е пратен на лекување.

Треба да знаете
Последни објави