Search

„Никоб“ го менува начинот на обезбедување на државните институции

Компанијата ги оценува како тенденциозни и крајно непрофесионални нападите кои ги лансираше „Гласен текстилец“ во врска со деловната одлука на корисникот на услуги, која е надвор од наша можност на влијание, се вели во писменaта реакција на  компанијата „Никоб обезбедување“. На денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“ реагираше за исплата на плата од 100 денари до 15-ти во месецот, неисплата на додатоци на плата, како и нудење на спогодбени откази на 163 вработени кои ги обезбедуваат државните институции, а се ангажирани од „Никоб“.

Во писменото соопштение на „Никоб“ се вели дека станува збор за промена на начинот на обезбедување од 24-часовен на 12-часовен и од тие причини вработените дирекцијата за физичко обезбедување на НИКОБ што биле ангажирани да ги обезбедуваат објектите на државната управа низ државата морале да бидат прераспределени на други објекти што е редовна пракса кај агенциите за обезбедување.

-Од непознати причини мал дел од вработените одбија да бидат распределени во рамки на можностите кои во моментот ги има компанијата. Право на личен избор на секој од нив е дали тоа ќе го прифатат или не. Компанијата „Никоб Обезбедување“ останува посветена на високите стандарди за работа и давање на врвни услуги од нашиот домен на работа. Ние и понатака ќе одговараме на барањата на сите клиенти согласно склучените договори, а според нашите високо професионални стандарди. Создавањето искривена перцепција кај читателите не е реалната слика и вистинска информација за состојбите поврзани со конкретниот настан и не е во ничија корист, се вели во писменото соопштение на „Никоб обезбедување“.

Се посочува дека  за сите останати прашања вработените може во секое време да се обратат во секторите на компанијата, што е веќе 25 години воспоставена пракса.

Треба да знаете
Последни објави