Search

Георгиевска: Со кое право Мицкоски им се заканува на експертите за уставните измени?

Марија Георгиевска од СДСМ вечерва во емисијата „24 анализа“ рече дека процесот на започнување на уставните измени почнува со формирањето на работната група која ќе биде составена од експерти и кои ќе изготват амандмани за кои потоа ќе се дискутира.

Таа ја осуди денешната изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој им се закани со кривични пријави на експертите кои се дел од работната група.

 -Со кое право Мицкоски се заканува со кривични пријави за експертите? Она што морам да го кажам е дека тоа треба да биде отворен дијалог, кој треба да овозможи уставни измени кои ќе значат за забрзана евроинтерграција. Тоа почнува со формирање на работната група којашто треба преку учество на експерти во таа група и делегирани претставници од политичките партии да изготват предлози и амандмани кои понатаму треба да бидат предмет на дискусија. ВМРО-ДПМНЕ не делегираше ниту нејзини експерти или претставници. Тоа што ќе го сработи работната група, треба да се презентира пред јавноста, деловната заедница, медиумите да се отвори дебата која ќе заврши во Собранието – рече Георгиевска.

Треба да знаете
Последни објави