Search

Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) потпишаа Меморандум за соработка 

Денеска, 19ти април, 2023, Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС) денес потпишаа Меморандум за соработка како формална потврда на нивните долгогодишни заеднички напори во образувањето нови генерации студенти кои се специјализираат за работа во областа на надворешната политика. Меморандумот го потпишаа ректорот на Универзитетот Американ колеџ Скопје, проф. д-р Марјан Бојаџиев, и претседателот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадорот Огнен Малески.

Меморандумот предвидува размена на научни и стручни искуства и знаења, подготовка на заеднички програми за оспособување и усовршување на дипломатски кадри, заедничка поддршка и помош во организирање собири (конференции, трклаезни маси, работилници и летни школи), како и заеднички изданија на публикации и овозможување практична настава за студентите.

Како дел од серијата заеднички проекти, УАКС и Дипломатскиот клуб објавија дека по повод Денот на македонската дипломатија 29 април, во четврток, на 27 април 2023 година, организираат панел-дискусија на тема „Регионалните иницијативи и европската интеграција”. Се очекува на панелот да се обратат претседателот на РС Македонија Стево Пендаровски, амбасадорот на Европската унија Дејвид Гир и други високи претставници од државните институции и од меѓународни организации акредитирани во Скопје, како и претставници на специјализирани организации ангажирани во развој на регионалните иницијативи.

Треба да знаете
Последни објави