Search

Хрватот Бјелица нов тренер на Трабзонспор

Актуелниот турски фудбалски првак Трабзонспор, во чиј редови настапува македонскиот репрезентативец Енис Барди, го назначи денеска хрватскиот стратег Иван Бјелица за нов тренер.

Турскиот клуб соопшти дека со 51-годишниот Бјелица е потпишан договор со крајот на сезоната 2024/25.

Откако лани во доминантен стил ја освои шампионската титула во Турција, оваа сезона Трабзонспор не е ниту одблиску толку силна екипа и во моментов се наоѓа на шестото место со Супер лигата.

Трабзонспор зад лидерот Галатасарај заостанува дури 21 бодови. 

Треба да знаете
Последни објави