Search

Тачи: ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе „јаде многу шлаканици“.

„Мислам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе јаде многу „шлаканици“ до денот на изборите, дури и од меѓународните партнери. Шлаканиците ќе бидат многу големи“, вели Тачи.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ во последен момент ќе го смени ставот за уставните измени.

„Шлаканиците ќе растат, додека поддршката за остатокот од политиката ќе се зголемува. Ова ќе биде делот што е проевропски, дел од проевропскиот фронт“, рече понатаму Тачи.

Според Тачи, ВМРО-ДПМНЕ е про-руска и про-српска партија.

„Може да биде фрустрацијата што ја имаат Македонците за да си го зачуваат идентитетот, но од друга страна тоа е директна асимилација, бидејќи ги знаеме намерите на Србија и Русија. Со години ги знаеме намерите на овие земји, дури и ако ги гледате нивните документарни филмови и емисии. Треба отворено да разговараат со своите гласачи, да им покажат дека тоа е фаталност. Тие мора да им кажат на луѓето каде треба да одат и каде сакаат да одат“, порача Тачи.

Тој вели дека верува во Коридорот 8, бидејќи зад него стои компанија која е американска.

„Навистина ми се допадна камен-темелникот на Коридорот 8. Не бев присутен, но верувам во тоа. Кога ќе ме прашаат дали верувам, јас велам да. Многу верувам кога ќе видам дека градежната фирма е американска. Верувам кога гледам дека таму е присутен американскиот амбасадор“, вели Тачи.

Треба да знаете
Последни објави