Search

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ против коридорите 8 и 10Д, ги обвинуваат САД за криминал

ВМРО-ДПМНЕ постојано се противи на секој важен стратешки проект во државата.
Денес оваа партија отворено се противи и на историски најголема инвестиција во патната инфраструктура во државата –  изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д.
Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, шири невистини и ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција.
Со СДСМ државата се развива, се модернизира додека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, тоа е партија која е симбол на провизии од кинеските патишта, симбол за криминал и корупција со нелегално стекнат имот врз грбот на граѓаните.

Треба да знаете
Последни објави