Search

Лефков: Со законите кои ги предлага СДС во врска со коридорите се суспендира правниот систем

„Нема надворешно финансирање и нема обезбедено јасно финансирање на проектот. Имаме надзор кој е спорен, фирмата за надзор најпрво добива забрана од истата Влада па ја трга забраната и е комбинирана со надзор на фирма која е од текстилната индустрија”, рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков во вечерашното гостување во емисијата „Отворено” на Телевизија 24.

Лефков посочи дека зо законите кои што стигаат во Собрание практично се суспендира правниот систем.

Лефков се осврна дека додека власта зборува за стратешки договори всушност ни се случуваат тајни договори на овој начин, продажба на државен имот на фирма на сопругата на премиерот и редица други скандали.

Тој потенцираше дека Владата на СДС и Ковачевски мора да најдат начин да го достават договорот со „Бехтел и Енка” до јавноста. Нека изнајдат некоја формула она што е деловна тајна нека остане деловна тајна.

„Она што мислам дека треба да не загрижува и не добивме одговори вечерва е тоа што според неофицијалните и непроверени информации од договорот кој се објави излегува дека доколку не се направат измените за 60 часовна работна недела Македонија на 23ти април ќе треба да плати 53 милиони евра”, дециден е Лефков.

Тој истакна дека во државата има 4 главни автопати кои се градат и никако власта не може да ги заврши и ги користи само за ширење лаги.

Треба да знаете
Последни објави