Search

Леао како Марадона го реши Наполи, Реал славеше и во Лондон

Милан се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот со Наполи одигра 1:1. Благодарение на победата со 1:0 на „Сан Сиро“ Милан ќе игра во полуфиналето на елитното европско клупско натпреварување за првпат по 2007 година.

Инаку мечот го одбележаа два гола и два промашени пенали. Во 22 минута Марио Руи стартуваше врз Леао, а судијата Марчињак покажа на белата точка. Жиру го изведе меѓутоа Мерет одбрани.
Во 36 минута протест на играчите на Наполи кои реагираа по пад на Лозано во противничкиот шеснаесетник. Судијата го оштети Наполи и не ја искористи ВАР снимка и остана на своето дека нема пенал за Наполи, иако од снимките се виде дека Лозано беше фаулиран.

За да биде несреќата поголема, Наполи претходно мораше да ги замени Руи и Лозано поради повреди.
Во 43 минута „Росонерите“ поведоа. Леао асистент, а погоди Жиру.
Само што почна второто полувреме Квича Кваратшкелија промаши добра шанса, претходно Наполи имаше уште неколку добри удари на гол кои не ги реши во своја корист.

Во 80 минута Томори игра со рака во својот шеснаесетник, судијата покажа пенал за Наполи. Кваратшкелија го изведе, но Мањан го одбрани ударот.
Во 93 минута повратникот Осимен ја затресе мрежата но само за 1:1 и избегнување на пораз на овој меч. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе во 63 минута на местото на Ндомбеле.

Реал Мадрид ја продолжува одбраната на титулата откако и во реваншот на „Стемфорд бриџ“ славеше со 2:0 против Челси и со вкупни 4:0 обезбеди пласман во полуфиналето.

Човек на одлука за Кралевите беше Бразилецот Родриго кој ги постигна двата гола на натпреварот и тоа во вториот дел. Прво во 58-та минута го отвори резултатот, а потоа во 80-та ја завери победата.

Треба да знаете
Последни објави