Search

(Видео) Страшна сообраќајка на белградските улици

Судар, автомобил превртен на покрив, хаос – ова е резултат на однесувањето на двајца возачи на улицата Радничка кај Ада Мол во Белград. На Инстаграм профилот на 192.rs е објавена страшна снимка од сообраќајната несреќа на улицата Радничка кај Ада Циганлија во главниот град на Србија.

Сè се случува во правец кон градот, кога на семафор, автомобил на средна лента закочи пред семафор. Возилото кое било зад него врти десно обидувајќи се да го заобиколи и во тој момент од третата лента со голема брзина доаѓа трет црн автомобил. Автомобилот кој удира во возилото кое се превртува на кров – продолжува да вози.

Пред семафорот, има пешачки премин. Во моментот на страшната несреќа, немало пешаци. Снимката е од надзорни камери.

Треба да знаете
Последни објави