Search

(Видео) Брозовиќ ќе се степаше со Онана на тренинг, Лукаку мораше да ги раздвојува

Интер утре на својот стадион го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Противник е Бенфика, а италијанскиот тим има убава предност од првиот натпревар во кој ги победи Португалците со 2:0.

Ваквата ситуација иако собира добро расположение, сепак малку се влоши на денешниот тренинг, а во главните улоги беа Марцело Брозовиќ и голманот Андре Онана.

Денешниот тренинг беше стандардно отворен за јавноста во својот почетен дел. Токму во него, пред камерите за малку што не се случи инцидент. Онана стартуваше остро врз Брозовиќ па го оттурна со раце, а Хрватот се знае дека е „тенок на нерви“ па нормално тргна да врати.

Изгледаше многу тензично, а целата ситуација ја спасија Данило д’Амброзио и Ромелу Лукаку, кои ги раздвоија соиграчите.

Целото видео може да го видите тука

Треба да знаете
Последни објави