Search

Антикорупциска е на потег, да се истражи случајот Парцели во Лисиче



Последниот случај со Деталниот урбанистички план и парцелите во Лисиче создава сериозни сомневања кои треба да се расчистат.

Имено, според информации кои се јавно објавени од повеќе медиуми, неколку парцели во Лисиче со површина од над 1.000 метри квадратни, биле купени како ниви,  пред овој урабистички план да биде во процедура.

Дали купувачите знаеле дека токму таму ќе се градат згради и дали однапред знаеле дека маркиците за згради ќе бидат токму на тие парцели?

Сега на потег е Државната комисија за спречување на корупцијата која мора да ги истражи овој случај.

Тимчо Муцунски и другите градоначалници од ВМРО-ДПМЕ во Скопје не работат ништо, освен што ги партизираат и задолжуваат општините.

СДСМ ќе остане со граѓаните, ќе се спротивстави и ќе стори се за штетните решенија да не се реализираат.

На граѓаните им требаат нови паркови и зеленило а не сомнителна бетонизација.

Треба да знаете
Последни објави