Search

Тешко повредена скопјанка на Пластичарска, ја прегазил седумдесетгодишник со „мерцедес“

На 16.04.2023 во 22.00 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев”, патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(70) од Скопје, удрило во Н.Д.(36) од Скопје.

Во несреќата Н.Д. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Треба да знаете
Последни објави