Search

По повеќе од 30 часа повредена жена извлечена од пештера во Словенија: останала во несвест на 100 метри под површината

Жената спелеолог која беше повредена кај Церкница во Словенија, по повеќе од 30 часа е извлечена од пештера длабока 100 метри. Во спасувачката акција учествувале повеќе од 100 лица, јавува РТВ Словенија.

Спелеологот, која беше повредена во саботата кога и падна камен на кацигата, со возило на брза помош е пренесена во Церкница, а оттаму со хеликоптер во Универзитетската болница во Љубљана.

Спасувачите почнале да ја извлекуваат во неделата околу 23 часот, откако претходно ги прошириле најтесните премини во пештерата. Лекарите цело време биле со повредената жена, која била во несвест, но во стабилна состојба.

Спасувачите морале полека да ги минираат најтесните делови од пештерата, за да ја изнесат.

Жената останала во несвест на 100 метри под површината.

Во пештерата влегле шест спелеолози, а кога се случила несреќата, еден од нив излегол од пештерата и ги известил спасувачките служби.

Треба да знаете
Последни објави