Search

Извршивме напад во Сирија, веројатно го убивме лидерот на Исламската држава, тврди американската војска

Централна американска воена команда (Центком) објави дека нејзините сили денеска убиле висок лидер на џихадистичката Исламска држава (ИД), вклучен во „планирани терористички напади на Блискиот Исток и Европа“.

Центком објави дека извршил хеликоптерски напад во областа на северна Сирија, кој најверојатно резултирал со смрт на лидерот на Исламската држава. Убиени се уште две вооружени лица, се соопштува.

Ниту американски војници ниту цивили не се повредени во нападот, а американските хеликоптери не се оштетени, според Центком, кој не го откри идентитетот на целниот командант или на двете убиени лица.

Треба да знаете
Последни објави