Search

Рама заврши во болница, му го оперирале слепото црево

На премиерот на Албанија, Еди Рама утрово му беше извршена апендектомија, односно операција на слепото црево. Според прес-службата на албанскиот премиер, неговата здравствена состојба е добра, јави албанската ABC News.

„Синоќа по повеќекратни тестови во Универзитетската болница „Мајка Тереза“ на премиерот Рама му е констатирано акутно воспаление на слепото црево. По препорака на лекарот од итната помош, премиерот утринава во раните часови беше опериран од воспалено слепо црево”, соопштија од Прес-службата.

Операцијата ја изврши тим хирурзи и анестезиолози, под раководство на професорот Арбен Ѓат. Интервенцијата се смета за успешна, здравствената состојба на Рама е добра.

Треба да знаете
Последни објави