Search

ВМРО-ДПМНЕ мака мачи со своите градоначалници, општините што ги предводат едвај функционираат

Измина една и пол година од мандатот на градоначалниците, доволен период да се види ефектот од работата на локалната власт.

Во 42 општини, локалната власт е во рацете на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, но резултатот од нивната работа не е на задоволително ниво и кај граѓаните, но и во самата партија.

Според информациите од ВМРО-ДПМНЕ резултатите од неколку истражувања покажале дека освен двајца градоначалници од скопскиот и еден од централниот дел од државата, кои имаат прилично позитивен рејтинг, другите градоначалници се оценети како мошне неуспешни.

Впечатокот на граѓаните е дека тие многу ветувале, но на крајот речиси ништо не реализирале.

Многу градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период решија да ги задолжат општините преку обврзници, а згора на тоа ги поскапеа комуналните услуги што дополнително влијаеше негативно на нивниот рејтинг.

Партиските вработувања и трошење општински пари за тоа, речиси секаде е редовна пракса.

Се разбира предводник во таа негативна перцепција е „мајката на градот“ Данела Аровска.

Град Скопје денес е град со нефункционални институции, град кој нема соодветно организиран јавен превоз, град во кој проектите се реализираат со невидено споро темпо или пак воопшто не се реализираат.

Слично е и во другите скопски општини, како и големите општини низ државата, па наместо да донесат засилување на рејтингот на партијата и на Христијан Мицкоски, тие очигледно го донесоа спротивното.

Треба да знаете
Последни објави