Search

Со „Христос Воскресна“, православните верници го дочекаа Велигден

Со зборовите „Христос Воскресна, навистина Воскресна!“, православните верници го дочекаа најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква.

Претходно денес за прв пат, државна делегација на Македонија и црковна делегација на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, присуствуваа на официјалната церемонија на преземање на Светиот Благодатен оган во Базиликата на Светиот Гроб во Ерусалим, без да бидат дел од делегацијата на друга држава.

Тие го преземаа светиот оган од Ерусалимскиот патријарх и го донесоа во земјава, како благослов за македонскиот православен народ и за нашата помесна православна црква, МПЦ-ОА.

Симнувањето на Благодатниот оган во базиликата на Светиот Христов гроб во Ерусалим секоја сабота пред Христовото Воскресение, има древна традиција во христијанството и се случува во очекување на најрадосната објава за Христовото Воскресение.

Нека ни е за многу години празникот. Христос Воскресна!

Треба да знаете
Последни објави