Search

Почина млад хрватски војник, откако беше брутално претепан од негов другар

Млад хрватски војник почина откако беше брутално претепан ноќта меѓу петокот кон саботата на главниот плоштад во Пожега.

Лекарите во Општата болница во Пожега се бореле за животот на Јаков Б.(21), но утринава околу 9:20 часот тој починал од здобиените повреди.

За претепувањето полицијата го привела 20-годишниот М.К., кој е од истото место со младиот војник.

Порталот pozega.eu објави дека двајцата млади се дружеле и дека вечерта биле заедно. Засега ништо не се знае за мотивите.

Заедно пораснаа уште од мали, двајцата играле, тренирале фудбал и оделе на натпревари.

Министерството за одбрана соопшти дека тој бил пронајден во бессознание на паркинг на плоштадот ноќта на 15.04.2023 година околу 2 часот и 25 минути. Исто така се наведува дека тој не бил на должност за време на настанот.

Треба да знаете
Последни објави