Search

Несреќа во Словенија: Камен паднал врз глава на жена во пештера, во тек е спасувачка акција

Во сè уште неистражена пештера кај селото Долења Вас, општина Церкница во Словенија, тешко е повредена жена спелеолог, а во тек е спасувачка акција.

Претставникот на спасувачката служба на Спелеолошкото здружение на Словенија, Валтер Закрајшек изјави дека несреќата се случила во саботата околу 18:30 часот на длабочина од околу 100 метри, кога голем камен ѝ паднал на главата на жената.

Со неа имало уште петмина спелеолози, кои не се повредени, јавува РТВ Словенија. Четворица од нив останале кај повредената жена, а еден излегол од пештерата и ја пријавил несреќата.

На лице место се 50 спелеолози, лекари, пожарникари и припадници на полицијата, а во пештерата влегла и медицинска сестра која ја има потребната медицинска опрема.

Спасувачите претпоставуваат дека спасувањето ќе трае подолго, бидејќи се работи за неистражена пештера, а повредената жена е на длабочина од околу 100 метри.

Треба да знаете
Последни објави