Search

Маричиќ: Симболиката на Велигден поттик за обединување околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по повод денешниот христијански празник, Велигден, испрати честитка до сите православни верници со порака за обединување околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред.

– Споменот на Христовото воскресение е темел на христијанската вера која нè задолжува да сме обединети околу вистинските вредности, кои ќе нè движат напред и повикува на дела на грижа и солидарност во исполнувањето на задачите кои стојат пред нас, стои во честитката на Маричиќ.

Маричиќ на неговата официјална Фејсбук страница напиша дека со посветеност на натамошното градење на просперитетна и интегрирана Северна Македонија, пораката за обнова и живот треба да биде поттик и за заеднички пристап кон европската иднина и напредок на државата.

-Да се радуваме на победа на животот над смртта и светлината над темнината и доброто над злото, кои дават смисла на нашето постоење и ја зајакнуваат нашата верба и надеж. Нека е честит и благословен!, напиша Маричиќ. 

Треба да знаете
Последни објави