Search

Еруптира друг вулкан во Русија, исфрли пепел до висина од три километри

Вулканот Ебеко на руските Курилски острови по втор пат во изминатите два дена исфрли пепел во висина од три километри, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.

Министерството наведува дека облакот од пепел се шири во североисточен правец и дека поминал растојание од повеќе од пет километри.

Ебеко, кој се наоѓа на островот Парамушир, во петокот исфрли облак од пепел долг 3,5 километри. Претходно оваа недела, ерупција на пепел од друг руски вулкан, Шивелуча, покри со прашина неколку села и градови на крајниот исток на полуостровот Камчатка.

Службите за мониторинг не забележаа паѓање на пепел во градот Северо-Курилск и нема мирис на водород сулфид. Министерството соопшти дека нема закана за локалното население.

Ебеко е вулкан висок 1.156 метри, кој се наоѓа седум километри северозападно од Северо-Курилск. Вулканот исфрла пепел прилично редовно, но благо од октомври 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави