Tешко повреден 80-годишен моторџија во Велес

Вчера околу 09.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Никола Карев“ во Велес, П.И.(79) од Велес, управувајќи мотоцикл со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Притоа, П.И. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Велес.

Увид на местото извршила екипа на СВР Велес.

Треба да знаете
Последни објави