Search

Шест наставнички уапсени за два дена во САД, имале интимни односи со деца во училници

Најмалку шест учителки се уапсени во Америка, во рок од само два дена, поради интимни односи со нивните ученици. Меѓу уапсените е и членка на персоналот на училиштето, за која се сомнева дека имала односи во три наврати со двајца малолетни ученици.

Елен Шел (38) од Данвил, е уапсена во средата и обвинета во четвртокот во Окружниот суд на округот Гарард за силување од трет степен. Во кривичната пријава поднесена за овој случај, се наведува дека наводните инциденти се случиле во периодот од 6 јули до 15 август минатата година.

Шел работела како помошник- наставник во основно училиште во Денвил, а претходно работела и во основно училиште во округот Гарард.

Според локалните медиуми, таа била обвинета за сексуален напад од прв степен. Таа во петокот била во полициските простории околу три и пол часа, но потоа била пуштена со кауција од 15.000 долари.

Наставничката во Оклахома, Емили Хенкок (26), исто така беше уапсена во четвртокот, откако локалната полиција беше известена за нејзината наводна врска со ученик.

Хенкок почнала да комуницира со тинејџерот (15) минатиот октомври преку социјалните мрежи, што резултирало со испраќање голи фотографии и на крајот незаконски односи во училишните простории, според KOCO.

Следна е Кристен Гант (36), професорка по англиски јазик во католичко средно училиште во Ајова.

Според локалните извештаи, таа почнала врска со еден од нејзините ученици, со кој е осомничена дека имала врски пет пати во и надвор од училиште. Надзорните камери ги снимиле како влегуваат во училницата и ги покриваат прозорците со хартија.

Друга во низата обвинети за врска со ученик е Алија Керадманд (33), професорка во средно училиште во Вирџинија. Таа е осомничена дека била интимна со својот ученик во период од неколку месеци, пренесува „FFXNow“.

Според медиумите, оваа наставничка работела во училиште за деца со пречки во учењето, а била задржана во притвор без право на кауција.

Последна на листата, а воедно и најмлада е Хана Март (26), наставничка од Пенсилванија, која е уапсена под сомнение дека имала врска со тинејџер (17), кого го обучувала, велат обвинителите. .

26-годишната девојка му испратила порака на тинејџерот во мај 2021 година и го поканила во нејзиниот дом, каде што двајцата наводно имале секс, изјави окружниот обвинител на округот Нортхемптон во соопштението за печатот.

Началникот на училиште во округот Бојл испратил писмо во кое ги информирал родителите за инцидентот и апсењето на наставничка, поради наводите за незаконско однесување во основното училиште. Во писмото не е наведено името на вработената, но било наведено дека е ставена на административно отсуство.

Според извештаите од цела Америка, ова е само еден од шесте случаи на сексуално однесување од страна на наставници кои стапиле во односи со своите ученици.

Друга наставничка обвинета за недолично однесување со нејзините ученици, Хедер Хер (32) се предала во притворскиот центар во округот Салин во петокот.

Треба да знаете
Последни објави