Search

Халанд го изедначи рекордот на Салах,

Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити пред своите навивачи рутински го совлада Лестер (3:1) во последниот денешен натпревар од 31. коло во Премиер лигата. „Граѓаните“ со денешниот триумф дојдоа на само три бода зад лидерот Арсенал, кој својот меч од ова коло, против Вест Хем ќе го игра утре. „Топчиите“ имаат 73 бода, а Сити 70. Нивниот меѓусебен дуел ќе биде во следното коло на „Етихад“. Натпреварот е закажан за 26-ти април.

Норвешкиот интернационалец од редовите на Манчестер сити, Ерлинг Халанд кој денеска постигна два гола го изедначи рекордот на Мо Сахал со постигнати 32 погодока во Премиерлигата. Халанд има фантастична сезона, иако има уште осум кола до крајот. Салах со 32 погодока беше најдобар стрелец во историјата на Премиерлигата во сезона со 38 натпревари.

Откако Стоунс атрактивно погоди со полуволеј за 1:0 во 6. минута, Халанд од пенал зголеми на 2:0, за во 25. минута да добие топка во фор и да го префрли голманот за 3:0.

До крајот на натпреварот, гостите постигнаа само почесен гол преку Ихеначо.  

Треба да знаете
Последни објави