Search

Спасовски: Македонскиот народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението

Фејсбук статус на Оливер Спасовски

„Илјадници лета низ историјата, Светиот Оган секоја година, во пресрет на православниот Велигден, се пали во Кувуклијата, параклисот над Светиот гроб, во ерусалимскиот храм на Воскресението Христово.
Постои верување дека Светиот Оган за првпат се појавил на 5 април во 33 г.н.е, точно во времето на Воскресението Христово.
Денеска Црквата на Светиот гроб во Ерусалим е исполнета со илјадници православни верници, кои Благодатниот Оган го преземаат од рацете на ерусалимскиот патријарх и го пренесуваат дома.
Годинава имам посебна чест да предводам државна и црковна делегација на Република Северна Македонија, на чинот на преземање на Благодатниот Оган, и по милоста Божја, со радост да ја исполнам доверената задача – да го донесам во нашата татковина, за верниот македонски народ да биде озарен од зраците на Светата Светлина, со најголемата тајна на Воскресението – победата над смртта!

Треба да знаете
Последни објави