Search

Ново разочарување од Интер во Серија А

Ново разочарување приреди Интер кога станува збор за настапите во италијанската фудбалска Серија А. На „Џузепе Меаца“ во рамките од 30. коло загуби од Монца (0:1) со голот на Лука Калдирола во 78. минута. „Нероаѕурите“ за прв пат во Серија А нанижаа три порази на домашен терен без да дадат гол.

Интер веќе пет кола не знае за победа по што си го доведе во прашање освојувањето на едно од првите четири места на табелата кои носат пласман во Лигата на шампионите.

Треба да знаете
Последни објави