Search

Наполи анемичен против аутсајдерот Верона

Лидерот во италијнската фудбалска Серија А, Наполи пред своите гледачи не ја совлада Верона (0:0). Во натпревар со малку шанси, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се најде во почетната постава и одигра до 73 минути во тимот на Наполи.

Откако тренерот Лучано Спалети ги стави во игра стандардните Осимен, Кварацхелија, Лоботка и Зиелински, Наполи направи притисок, но Верона ја имаше шансата на мечот и да победи, но Сирил Нгонге кој истрча во контра од половина терен, на крај се посрамоти, шутирајќи крај голот.

За Наполи ова беше 75-от бод сезонава и сега има 14 повеќе пред второпласираниот Лацио на осум кола до крајот, што значи дека им требаат уште десет бода за официјално да ја верификуваат првата титула во Серија А по пауза од 33 години.

Верона со овој голем бод од Неапол дојде до 23 и сега е на само три чекори од Специја во битката за опстанок.

Треба да знаете
Последни објави