Search

(ВИДЕО)Судир меѓу израелската полиција и христијанските верници поради безбедносни мерки

Некои од православните верници кои сакаа да присуствуваат на денешната церемонијата на Светиот оган на Светиот гроб на Велика Сабота пред Велигден, беа спречени од израелската полиција поради безбедносни причини, што предизвика револт и тензии по што дојде и до несакани судири.

Овој ритуал годинава, како и минатата ја принуди да интервенира израелската полиција кон оние верници кои ги заобиколуваа железните барикади. Препреките беа поставени од израелската полиција на тесните улички кои водат до црквата за да го спречи преминувањето на христијанските верници, меѓу кои има многу постари и жени. Само на некои свештеници и на мал број православни христијани им беше дозволено да влезат во црквата, бидејќи бројот е ограничен на 1.800, а не како некогаш кога таа бројка изнесуваше и до 10.000 посетители на ритуалот.

Треба да знаете
Последни објави