Search

Со славењето на Енвер Хоџа, Левица покажува дека сака да ја стави земајва во „бункер“, наместо да напредува кон ЕУ

Политичката партија Левица и нивниот лидер Димитар Апасиев со посетата на гробот на албанскиот диктатор Енвер Хоџа ги откриваат своите идеали и иднината во која сакаат да ја носат земјата. Со нивното славење и величање на диктатори како Хоа, кој забранувал религии, патување во странство и буквално ја држеше целата Албанија во заложништво цели 40 години, јасно ставаат на знаење како сакаат да владеат.

Оттука се поочигледно е зошто Левица се противи на придржувањето на Северна Македонија во НАТО сојузот и во Европската Унија, заедници каде што се вреднуваат демократските вредности и слободата на индивидуата.

Левица во нивниот пост во кој се поклонуваат на гробот на Хоџа пишуваат дека тој ја возобновил Албанија, но го изоставуваат фактот дека во 1985 година, кога почина, Албанија беше третата најсиромашна држава во Европа со БДП по глава на жител од само 15 долари месечно.

Колективизацијата на имотите доведе до глад на населението по селата, помогнато со целосната изолација од остатокот од светот, поради што земјоделците користеле алати и технологија од дваесетите години од дваесеттиот век.

Наместо модернизација на државата, борба со недостатокот на живеалишта, храна и изградба на патишта, Хоџа во Албанија воведе програма за „бункеризација“ и на територијата на државата изгради повеќе од 750 илјади бункери.

За време на владеењето на Енверн Хоџа чести биле и политички мотивираните ликвидирања на неистомисленици во Албанија, каде што според проценките од 25 до 100 илјади неистомисленици на Хоџа биле убиени, затворени или испратени во работнички кампови.

Албанија на Енвер Хоџа беше целосно заробена и изолирана држава, слично како што е денес Северна Кореа, со речиси непостоечка соработка со останатите држави и без почитување на правата на граѓаните.

Со величањето на таков лидер и таков систем, Левица само покажува дека тие се против зачленувањето на земјава во ЕУ, бидејќи за нив слободата, демократијата и соработката не се на врвот на листата на приоритети, туку посакуваат земајва да стане изолирана и заробена, со цел да ги остварат своите сонови за целосна контрола на општеството.

Иронично е како Левица се обидува да зборува за соработка помеѓу балканските народи, во иста реченица со славењето на Хоџа, кој беше и остана запомнет по изолацијата и градењето бункери, наместо фокусирање на проблемите на државата.

Треба да знаете
Последни објави