Арачиново не наплаќа данок на имот и комунални такси од фирмите, покажува ревизорскиот извештај

Државните ревизори утврдиле дека Општина Арачиново не води регистар на недвижен имот, не издава решенија за данок на имот, нема приходи по основ на комунална такса на фирма, на користење на музика во јавните локали, за истакнување на реклами, објави и огласи на јавни места и приходи од надоместок за уредување на градежно земјиште.

„Со извршената ревизија, изразивме неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2021 година и за усогласеност со законската регулатива, упатства и воспоставени политики. Извршена е ревизија за 2017 година и издаден е Конечен извештај за финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Општина Арачиново, сметка на основен буџет (630), при што овластениот државен ревизор се воздржа од давање мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, додека за усогласеност со закони и прописи изразено е неповолно мислење“, се наведува во денешното соопштение од ДЗР.

Во насока на надминување на утврдените состојби, ревизијата дала препораки со цел преземање на мерки и активности од надлежните лица и органи во функција на подобрување на состојбите.

Треба да знаете
Последни објави