Search

Мајка од Америка го задавила синот со каиш додека тој спиел до неа: не сакала да порасне во финасиски потешкотии

Рут Ди Риенко-Вајтхед (50) од Пенсилванија е обвинета за убиство на нејзиниот 11-годишен син Метју. Како што изјавила во полиција, го убила својот син затоа што не сакала момчето да порасне со финансиските тешкотии кои го снашле семејството.

Според NBC News, Ди Риенко-Вајтхед изјавила дека го убила Метју со каишот на нејзиниот сопруг додека тој спиел до неа.

Таа моментално е во затвор во Њу Џерси, по што ќе биде екстрадирана во полицијата во Пенсилванија, се наведува во соопштението на обвинителството.

Таткото на момчето се јавил во полиција откако видел дека неговиот автомобил, кој жената го земала по убиството, го нема, а вратата од спалната соба била заклучена.

Полицајците го пронашле телото во спалната соба на родителите, откако Метју отишол во собата на мајка си, бидејќи сакал да ја помине ноќта со неа. На вратот биле видливи траги од каиш и давење.

Таа потоа им кажала на властите дека го убила својот син затоа што била вознемирена поради финансиските проблеми на семејството.

Треба да знаете
Последни објави