Search

Нов гаф на Бајден-го истурка Сунак на аеродромот во Белфаст

Американскиот претседател Џо Бајден направи уште еден гаф при слетувањето на аеродромот во близина на Белфаст, каде пристигна во официјалната посета на Северна Ирска

Откако кратко се поздрави со британскиот премиер Риши Сунак Бајден речиси го истурка настрана за да си направи место да се поздрави со лице во воена униформа. Британските медиуми ова го нарекоа скандал и акт на непочитување на британскиот премиер.

„Тоа требаше да биде посебен момент за Риши Сунак. Но, премиерот се најде во непријатна ситуација“, напиша Дејли Меил.

Бајден вчера пристигна во четиридневна посета на Северна Ирска за да ја одбележи 25-годишнината од мировниот договор и крајот на триесетгодишното крвопролевање.
Во говорот што го одржа денеска на Универзитетот Алстер Бајден рече дека американските инвестиции можат да помогнат во поттикнувањето на економскиот раст – особено ако политичарите во Белфаст ги решат проблемите што доведоа до стопирање на работата на владата.

– Вашата историја е наша историја. И уште поважно, вашата иднина е иднината на Америка – рече Бајден.

Треба да знаете
Последни објави