Search

Милан го победи Наполи со еден удар кон голот, Реал рутински против Челзи

Точно десет дена откако му даде четири гола среде Неапол, Милан вечерва повторно беше подобар од лидерот во Серија А на кого му се насмевнува титулата, Наполи, овој пат со 1:0. Оваа победа има поголема тежина бидејќи е остварена во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите.

Во второто четвртфинале, Реал Мадрид во реваншот во Лондон против Челзи ќе патува со предност од 2:0.

Наполи кој беше ослабен поради неиграњето на напаѓачот Виктор Осимен, но затоа во првиот тим се најде македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, уште од првата минута тргна офанзивно и имаше шанса преку Хвича Кварацхелија да го отвори резултатот. Но, неговиот шут беше запрен од дефанзивците на Милан од самата гол линија.

Наполи доминираше до средина на првиот дел, по што Милан ја направи првата голема шанса по што ги сврте работите во своја корист. Шутот на Рафаел Леао заврши покрај голот на Мерет, затоа во 40-та минута, Исмаел Бенасер на најдобар можен начин го круниса одличниот контранапад, го совлада Мерет.

Во второто полувреме, нападите на Наполи беа јалови, а по исклучувањето на Ангиса во 75-та, стана јасно дека Росонерите ќе слават и во реваншот кој ќе се игра идниот вторник, во Неапол ќе патува со предност од еден гол.


Елмас, беше многу блиску да донесе голема радост кај навивачите на Наполи, откако за малку не ја затресе мрежата на Милан во второто полувреме. Нашиот „дијамант“ одлично изреагира по центаршут на Кварацхелија и со глава ја зафати топката од скоро 15 метри, по што малку фалеше да го лобува Маињон, кој, сепак, со последни сили успеа да ја избие топката во корнер со мала помош од пречката.

Европскиот шампион Реал Мадрид исто така ќе има предност во реваншот откако на „Сантијаго Бернабеу“ го совлада Челзи со 2:0. Резултатот го отвори Карим Бензема во 22-та минута, а во второто полувреме, работата на Кралевите им ја олесни Бен Чилвел кој заработи црвен картон во 59-та минута. Предноста од играч повеќе, Реал ја круниса со уште еден гол, преку Марко Асенсио во 74-та минута.

Треба да знаете
Последни објави