Search

СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ свесно го турка во банкрот ЈСП Турс?

ЈСП Турс со месеци нема директор затоа што членовите на Управниот одбор на Јавното сообраќано претпријатие кои се членови и на ВМРО-ДПМНЕ не назначува директор.

Дали тоа се прави намерно за ЈСП Турс да влезе во стечај и да пропадне треба да одговорат од Белата палата.

Една и пол година раководење од кадри на ВМРО-ДПМНЕ ЈСП како и други јавни претпријатија се едвај функционални, партизирани и пред колапс.

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ добива власт ги урнисува институциите и претпријатијата, ги задолжува граѓаните, на сметка на лично богатење на партиски функционери. 

Треба да знаете
Последни објави