Search

Отворањето на Уставот сега е условено со избори од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеничката Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ посочи дека без претходни избори, овој пратенички состав на партијата нема да гласа за отворање на Уставот. Таа додаде дека остануваат на ставот нема да предложат ниту претставник во групата која работи на амандманите на уставните измени, а предводена од министерот за правда Кренар Лога.

„Во понатамошната процедура за отворање на Уставот требаат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. А пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествуваат во ваквата процедура за отворање на Уставот во овој пратенички состав, без претходни избори“, кажа Панова.

Според неа, група за уставни измени треба да има во Собранието, а не во министерството.

„Би искоментирала за начинот на кој постапува Министерството за правда и за тоа што свикува одредени работни групи со работа која воопшто не е во надлежност на Министерството за правда. Ова е работа на Собранието и ако има било каква потреба, такви групи треба да бидат формирани во рамките на веќе со Деловник и закон, воспоставена пракса или законски решенија во рамките на Собранието. ВМРО-ДПМНЕ нема да делегира претставник во работните групи, нашиот став е веќе одамна кажан. Имавме предлог кој власта го одби а се однесуваше за измена на Уставот по теркот на хрватскиот модел. Претставниците на власта мудро молчат иако тие први го прелдожија таквиот модел. Ние нема да учествуваме во работните групи“, додаде таа

Треба да знаете
Последни објави