Search

Недостатокот на витамин Д во организмот може да предизвика низа здравствени компликации

Многу е кажано и сѐ уште се зборува и истакнува важноста на витаминот Д за здравствена состојба и воопшто за одвивање на многу процеси во организмот. Како суштинска компонента при телесните функции, влијае за одржување на здрав и витален организам а покрај тоа витаминот Д најзаслужен е за зајакнување на имунолошкиот систем. Уште се поврзува и со здравјето на коските, забите и мускулите, помага во спречување и лекување на неколку здравствени состојби како висок крвен притисок, дијабетес, инфекции, кардиоваскуларни болести, мултиплекс склероза.

Специфичноста на овој витамин освен од неговото широко влијание произлегува и од изворот, односно најголем процент на витамин Д се создава кога сме изложени на сонце, кога нашата кожа го апсорбира од сончевите зраци. Но исто така може да се земе и преку внесување храна со висока концентрација на витамин Д и преку суплементи.

Сепак, начинот како се внесува не е толку важен колку што е важно да се контролира снабденоста на организмот и да се одржува потребното ниво на витамин Д во организмот. 

Недостатокот може да се манифестира со чувство на замор, чести болести и инфекции, болки и кршливост на коските, депресија, вознемиреност и потешкотии во заздравувањето на раните. Доколку почувствувате некои од овие симптоми време е да размислите да го тестирате нивото на витамин Д во вашиот организам. Со цел превенција на здравствените последици предизвикани од недостаток на овој витамин се препорачува редовно следење со крвни анализи.

Од лабораторијата Синлаб, велат дека тестирањето на витамин Д е од голема важност за нормално функционирање на имунолошкиот систем.

„Редовното тестирање помага во идентификација на можните ризик фактори од негов недостаток и овозможува целосен приказ на здравствената состојба. Тоа е најдобриот начин да бидете сигурни дека вашето тело добива сè што му е потребно за да функционира најдобро“, велат од Синлаб.

Анализата се прави преку земање примерок од крвта којшто потоа се анализира во медицинската лабораторија. За што поточни резултати изберете релевантна и сертифицирана лабораторија со современа опрема. Синлаб е специјализирана за биохемиски и микробиолошки анализи, а тука утврдувањето на витаминот Д се прави со современа медицинска опрема и се добиваат најрелевантните и најпрецизни резултати. Исто така, анализите може да се закажат и онлајн со термини на секои 15 минути, без лично присуство и чекање на шалтер. Здравствената услуга е достапна на линкот.

Според истражувањата, 40 до 50 отсто од светската популација има проблем со недостаток на витамин Д во организмот. Не бидете дел од овој процент, добијте точна слика за тоа колку вашиот организам е снабден со витамин Д и спречете го развојот на многу несакани здравствени состојби.

Треба да знаете
Последни објави