Search

Мицкоски: Граѓаните се во тешка ситуација, потребно е што побргу да замине оваа власт, да се отфрли овој процес на стагнација, криминал и пљачка на граѓаните, а Македонија да почне да се развива

При денешната посета на општина Зрновци, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на замрзнувањата на цените на производите и најавите за нова корекција истакна дека тоа е политичка гимнастика на власта, граѓаните се во тешка ситуација и потребно е што побргу да замине оваа власт, да се отфрли овој процес на стагнација, криминал и пљачка на граѓаните а Македонија да почне да се развива.

„Тоа е повторно политичка гимнастика, еден ден замрзнуваат еден ден одмрзнуваат, знаете помпезно го најавија тоа на прес конференција за два дена потоа под притисок на тие луѓе кај кои имаат тие концесија и како луѓе и како политичари повторно имаат нова седница на владата и да ги одмрзнат истите производи кои мислеа дека ако дневно прават прес конференции со замрзнување на цените на производите дека на тој начин се борат со инфлацијата тоа не оди така, тоа се анти теории и анти пракси и анти економски мерки кои што тие ги прават денеска ги замрзнуваат утре ги одмрзнуваат и се додека продолжат со оваа политичка гимнастика тоа ќе им се удри од глава. Само за потсетување дека потрошувачката кошничка е повеќе од 40 илјади денари за четиричлено семејство имајќи ја предвид и инфлацијата доаѓаме до бројка од над 50 илјади денари што е многу повеќе од две просечни плати. Ако имаме предвид дека повеќе од половина милион луѓе во Македонија живеат со 150 денари на ден тогаш можете да замислете во каква ситуација се наоѓаат граѓаните во Македонија. Затоа кога велиме дека се потребни избори и колку побргу замине оваа влада толку подобро за сите нас, мислиме токму на овие работи, не е тоа борба за власт туку борба за подобар живот односно да се отфрли овој процес на стагнација на криминал и пљачка, и конечно Македонија да почне да се развива онака како што и доликува”, нагласи Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави