Search

Израел им забрани на Евреите и на туристите да ја посетуваат џамијата Ал Акса до крајот на Рамазан

На еврејските посетители и туристи ќе им биде забранет влезот во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим до крајот на светиот муслимански месец Рамазан, се вели во соопштението од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објавено денеска.

Минатонеделниот насилен упад на израелската полиција во Ал Акса, која сакаше да ги протера Палестинците од таму, резултираше со ракетни напади врз Израел од Газа, Либан и Сирија.

По една година на ескалација на израелско-палестинското насилство, тензиите се особено високи оваа година бидејќи Рамазан и Пасха се совпаѓаат.

Израелската влада во претходните години донесе одлука да им забрани на немуслиманите да влегуваат во комплексот во последните 10 дена од Рамазан, кој треба да заврши на 20 или 21 април.

Треба да знаете
Последни објави