Search

Стефковски со пет милиони евра ја задолжува општина Гази Баба, СДСМ е против

Изјава за медиуми, Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба

Градоначалникот Бобан Стефковски од ВМРО-ДПМНЕ ја задолжува една од најбогатите општини во државата, општина Гази Баба.

Пет милиони евра бара Стефковски, пари кои со пет отсто годишна камата, граѓаните ќе ги враќаат во следните седум години.

Само за потсетување, градоначалникот Стефковски наследи позитивно салдо од 3,2 милиони евра од претходникот.

На таква успешна работа од претходниот градоначалник Георгиевски, денес Стефковски има кредитоспособна општина и воведува општинска обврзница.

Каде отидоа овие пари, што сега една и пол година од мандатот, Стефковски по секоја цена скаа да ја задолжи општината?

Во Гази Баба нема реализација на нови проекти, нема капитални инвестиции во интерес на граѓаните и општината.

Но затоа има масовна партизација на локалната администрација.

Само оваа година ќе се потрошат 15 милиони денари или над 220.000 евра за вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа е учиникот на Стефковски во првата третина од мандатот.

Стефковски исто како Данела Арсовска е неспособен градоначалник, градоначалник кој се грижи за личните интереси, додека интересот на граѓаните му се на последно место.

Треба да знаете
Последни објави