Search

Спасовски во работна посета на Брисел

Утре, (11.04.2023) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во работна посета на Брисел, Белгија, заедно со претседателот на Македонскиот полициски синдикат, Марјан Кицев, како и Деканот на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Никола Дујовски.

Министерот Спасовски ќе ја посети Канцеларијата на Советот на европските полициски синдикати (CESP) каде што ќе оствари билатерален состанок со претседателот на CESP, Рикардо Валадас, по што ќе учествува со свое обраќање на презентацијата на Стратешкиот документ „Негување на семето на промените: Како новиот полициски пристап може да ја обликува иднината на Европа”.

Следи билатерален состанок со Раководителката на Единицата за соработка во полиција и лишување од слобода во Генерален директорат за човекови права и владеење на правото при Советот на Европа, г-ѓа Тања Ракушиќ Хаџиќ.

Во рамки на посетата на Брисел, министерот Спасовски ќе ја посети и Постојаната Мисија на Северна Македонија при НАТО, каде што ќе оствари средба со амбасадорот Дане Талески.

Треба да знаете
Последни објави