Search

Претседателот Пендаровски во Ново Село ќе учествува на форум за зајакнување на општинските совети

 Претседателот на државата Стево Пендаровски ќе учествува на третата сесија на Форумот во заедницата во Општина Ново Село што се реализира во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“.

На настанот, освен претседателот Пендаровски, обраќање ќе имаат и швајцарската амбасадорка Вероник Улман, постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорија, како и градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов.

Активноста Форуми во заедницата се реализира во рамки на програмата „Зајакнување на општинските совети“, која ја финансираат Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со национални и локални партнери. 

Треба да знаете
Последни објави