Search

Барселона киксираше и одигра само реми со Џирона

Барселона не успеа да му избега на Реал на +15 бодови на чело на табелата затоа што на својот меч од Ла Лига одигра без голови против Џирона. По поразот на Реал од Виљареал на „Бернабеу“, се отвори голема шанса Барселона вечерва на свој терен да ја победи Џирона и да направи огромен чекор напред кон титулата.

Меѓутоа момците на Чави и покрај доминацијата и големиот број на обиди за гол не ја скршија одбраната на гостите. Посебно интересен момент беше 40 минута кога голманот на Џирона ја извади топката од гол-линијата и спречи водство на „каталонците“.

Овие испуштени два бода им дава надеж на „Кралевите“ дека можат да ја спасат сезоната во Ла Лига. Бодовната разлика се уште е висока борбата, меѓутоа до крајот има уште 10 кола.

Барса е лидер со 72 бода, Реал е втор со 59 по 28 одиграни кола. Џирона е на 11. позиција.

Треба да знаете
Последни објави