Search

Честитка од градоначалничката на Град Скопје Арсовска по повод католички Велигден

На сите христијански верници кои го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден според Грегоријанскиот календар, им честитам со желби за добро здравје, мир и среќа, им посака градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

На покана на Монсињор д-р Киро Стојанов, католичкиот бискуп на Скопската бискупија и Струмичко-скопски епарх за Католиците од византиски обред во Македонија, присуствував на Велигденското бдение.

На денот на овој голем христијански празник, во духот на меѓусебното почитување, да си помагаме еден со друг, со добра мисла да посакаме милост и благослов за изнемоштените, разбирање и сплотеност на семејствата, пријателите и соседите.

Треба да знаете
Последни објави