Search

Ц. Звезда го победи Борац и ги остави „штрковите“ со шанси за опстанок во АБА лигата

Црвена Звезда ја оправда фаворитската улога против Борац на гостински терен и го совлада со 82:87 во рамките на претпоследното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА-лига. Со овој пораз на Борац, МЗТ Скопје останува во живот за опстанок во јадранското друштво.

Актуелниот македонски првак треба на домашен терен да ја совлада Цибона, дуел кој се игра на 14 овој месец, додека ден подоцна да навива за Будуќност и да чека пораз на Борац.

Ова е единственото сценарио кое на МЗТ Скопје ќе му ја донесе претпоследната позиција на табелата која носи бараж меч за останување во АБА-лига.

Треба да знаете
Последни објави